Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопјанката Агнеса блесна со „Tomorrow“ во Карнеги Хол, пееше без микрофон

На престижниот натпревар American Protege, кој се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, на 27 декември 2024 година настапи и 12-годишната Агнеса Русомаровска од Скопје.

Натпреварувачите се натпреваруваа во повеќе категории, вклучувајќи свирење на инструменти, класично и оперско пеење, како и изведби од Бродвеј/театар. Агнеса настапи во категоријата Бродвеј со изведба на песната Tomorrow од мјузиклот Annie, придружувана од пијано и без употреба на микрофон.

Со својот моќен и впечатлив вокал, Агнеса ги освои срцата на публиката во Карнеги Хол, оставајќи силен впечаток на присутните.

Агнеса беше единствениот претставник од Европа во сите категории за 2024 година. Таа се занимава со музика од својата четврта година, а пет години пееше во детски хорови под водство на наставник. Последните две години работи индивидуално со Ана Костадиновска, која ја подготвуваше за настапот во Њујорк.

Под менторство на Костадиновска, Агнеса се пријави на American Protege, каде што победниците добија шанса да настапат во Карнеги Хол.

Пред големиот настап во Њујорк, Агнеса има освоено први места на два меѓународни натпревари во Скопје, одржани во МНТ и МОБ.

Зачлени се на нашиот е-билтен