Скопјанка наседнала на телефонска измама, платила 130 илјади денари на измамници

Жена од Скопје била измамена за 130 илјади денари, откако измамници по телефон ѝ кажале дека нејзината ќерка учествувала во сообраќајна несреќа.

Како што извести МВР, 76-годишната Р.С. од Скопје примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице, кои ѝ кажале дека дека нејзината ќерка предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете и треба да оди во затвор.

Според пријавата, измамниците ѝ ги побарале парите за да ја ослободат нејзината ќерката. 

Како што соопшти МВР, жената го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје.  Таа истиот ден околу 14:00 часот примила телефонски повик и се договориле со сторителите на подрачјето на Драчево да им предаде 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

Зачлени се на нашиот е-билтен