Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган предупредува: Не смее да се дозволи Израел да го прекрши примирјето

Фото: kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган со предупредувачки тон изјави дека не смее да му се дозволи на Израел да го прекрши договореното примирје со Хамас.

Според него Израел има историја на прекршување на примирјето и ја повика меѓународната заедница да спречи можни прекршувања на договорот за прекин на огнот.

„Израел, особено премиерот Бенјамин Нетанјаху, има значајно досие за прекршување на примирјето, ова не смее да се дозволи овој пат во Газа. И покрај 467 дена геноцид и масакр, Израел не успеа да ја скрши волјата на отпорот на нашите браќа и сестри во Газа“, рече тој на конгресот на неговата партија во Адана, југоисточна Турција, пренесува Анадолија.

Ердоган повтори дека Турција сака да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за воените злосторства во Палестина и најави дека ќе ги мобилизира сите ресурси за да ги залечи раните на Газа.

Говорејќи за Сирија, Ердоган рече дека израелскиот проект да ја подели Сирија на три дела, претворајќи ја во „лесни за голтање залаци“ – пропадна.

Шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила утре, кога ќе се одржи првата од серијата размена на заложници кои Хамас ги држеше за палестински затвореници во израелските затвори, објави „Тајмс оф Израел“. Договорот може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во Појасот Газа

Зачлени се на нашиот е-билтен