Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Издаден налог за апсење на јужнокорејскиот претседател кој прогласи воена состојба

Издаден е налог за формално апсење на веќе соборениот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол поради обидот да воведе воена состојба.

Западниот окружен суд во Сеул издаде налог врз основа на наводите дека Јун предводел бунт и ја злоупотребил својата моќ со прогласувањето воена состојба на 3 декември

Сега истражителите имаат право да го задржат Јун во притвор до 20 дена, вклучувајќи ги и деновите што тој веќе ги поминал во притворен центар по неговото апсење во неговата резиденција во Сеул во средата.

Обвинителството се очекува да ја продолжи истрагата и да го обвини пред да истечат 20-те дена.

Јун се појави вчера пред судот, кој ги разгледа аргументите за и против неговото апсење.

Јужнокорејскиот парламент го отповика Јун на 14 декември поради воведување воена состојба.

Зачлени се на нашиот е-билтен