Македонските текстилни конфекции се соочуваат со недостиг на порачки од страна на традиционалните германски партнери. Ангел Димитрова од Организација на работодавачи вели дека порачките, односно налозите се драстично намалени. Посочува дека македонските конфекции работат на помали налози, во кои има по стотина парчиња, бидејќи нарачки кои поради малиот обем конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. Немањето работна сила, како и високите трошоци на домашниот пазар, се причини поради кои текстилната индустрија станува неконкурентна.
-Цените на нашите услуги, за она што го работиме надвор не растат како што нагло порасна и минималната плата, која е 58% од просечната и тоа голем дел од конфекциите ги направи нерентабилни. Она што сега работиме се ситни налози, изјави Димитров.
Тој додава дека од некогашните 65.000, во моментот во текстилниот сектор работат околу 25.000 работници. Неговите проценките се дека во наредниот период бројот на вработени може да се намали за уште 5.000. Според Димитров бројот на вработени во овој сектор се намалува не само поради тоа што нема работа, туку и поради фактот што младите не сакаат да работат во текстилните конфекции. Прашан како да се надмине проблемов, тој одговара дека очекува да почне со работа Економско социјалниот совет. На првата седница на Економскиот социјален совет ќе побараат и ќе се борат за подобрување на Законот за работно ангажирање, со што какошто вели Димитров пензионерите нема да имат годишно ограничување од максимум 180 работни дена.
-Ние предлагаме за пензионерите кога ќе работат да нема ограничување годишно. Ако пензионерот, сака да работи може да работи на 4 или 8часа и тоа е во ред. Но, зошто да му се ограничува времето ? Зошто да му се ограничи работата на 3 месеци, а он сака и понатаму да работи? Со тоа пак ќе го тераме да работи во сива економија, на црно . Како и сега што работат сите пензионери на црно, рече Димитров, од Организацијата на работодавачи.
Во 2024 година извозот на текстилната и кожарската индустрија изнесува 518.5 милиони долари и е 6,15% од вкупниот извоз на државата. Висока застапеност со околу 93% има на лон производството , а само 7% отпаѓаат на класичното производство.