Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев: Преспанскиот договор е најдоброто нешто што се случило на Балканот изминатите 20 години

„Нема доволно силна и бројна политичка опција која може да ги наруши пријателските односи меѓу државите Северна Македонија и Грција и меѓу граѓаните на овие две држави“, вели експремиерот Зоран Заев во изјава за грчкиот весник „Efsyn“.

Тој додава дека постојат радикални политички групи кои имаат анти-зпаадни наративи, но нашите институции и општества нема да дозволат тие да ја загрозат иднината.

„Затоа е важно да ги поддржуваме сите иницијативи кои овозможуваат поврзување и соработка меѓу државите и граѓаните, за екстремните гласови да останат изолирани од двете страни“, смета Заев.

Според експремиерот двете држави и граѓаните во двете држави денес градат пријателства и добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018.

„Со секој изминат ден, граѓаните на Северна Македонија и на Грција имаат нови поволности од Преспанскиот договор и нови причини зошто овој договор е најдоброто нешто што се случило на Балканот изминативе 20 години“ изјави експремиерот Заев.

Тој додаде дека денес двете држави и граѓаните во двете држави градат пријателства и добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018.

„Бизнисите сега соработуваат повеќе, граѓаните на Северна Македонија и Грција комуницираат, се движат повеќе и соработуваат. Скопје и Атина никогаш не биле поблиску“, рече Заев.

Експремиерот додаде дека Преспанскиот договор за Северна Македонија исто така го донесе и членството во НАТО и верува дека нема политичка сила во двете држави што може да ги наруши добри односи кои започнаа по потпишувањето на договорот.

Зачлени се на нашиот е-билтен