Во акциска контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово санкционирани се 169 возачи од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за управување возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи за управување возило со несоодветна категорија, соопшти МВР.
Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција во Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата акциската контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово ја спроведоа вчера во периодот од 16:00 до 22:00 часот.
Како што ссоопшти МВР изречени се девет мерки за возачи кои управуваат моторно возило како возач почетник, односно со сила на мотор на возилото поголема од дозволената, 73 санкции за возачи на мотоцикл поради не користење на заштитна кацига, пет мерки за затемнети стакла без извршен А-тест, осум санкции за вршење јавен превоз на патници без лекарско уверение, одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Дополнително МВР информира дека во текот на вчерашниот ден од 16.00 до 22.00 часот е спроведена акциска контрола на територијата на државата при што се санкционирани 429 возачи на мотоцикли. Од нив 267 не користеле заштитна кацига за време на возење, а 83 возеле без возачка дозвола. Одземени се и 12 мотоцикли поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението.