Општина Центар ги проширува субвенциите за возачка обука: вклучени и 19-годишниците

Општина Центар го прошири опфатот на програмата за субвенционирање на обука и полагање возачка дозвола од Б-категорија, откако расте интересот на младите за оваа поддршка.

Наместо само родените во 2007 година, право на пријавување сега имаат и оние што годинава стануваат полнолетни, односно генерацијата 2006. „Целта ни е да им го олесниме процесот на обука и да ги охрабриме да бидат одговорни учесници во сообраќајот. Знаењето стекнато зад воланот може да спаси животи – нивни и на сите на патиштата“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Субвенцијата изнесува 10.000 денари и се користи исклучиво во автошколи регистрирани на територијата на општината. Јавниот повик останува отворен до исцрпување на предвидените средства, но најдоцна до 31 декември 2025 година.

Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар (барака бр. 6) секој работен ден од 9 до 15 часот. Дополнителни информации се достапни на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-680 или по електронска пошта на elif.idris@centar.gov.mk.

Зачлени се на нашиот е-билтен