Украина го ликвидираше заменик врховниoт командант на руската морнарица

Заменик врховниoт командант на руската морнарица, поранешниот командант на 155. одделна гардиска бригада, Михаил Гудков, загина во Курската област, објави гувернерот на Приморје, Олег Кожемјако.

„Гудков загина извршувајќи ја офицерската должност заедно со своите соборци“, наведе тој, пренесе рускиот портал Медуза. Меѓу останатите загинати, гувернерот на Приморје го именуваше офицерот Нариман Шихаљев. Околностите и датумот на смртта на Гудков и неговите соборци не се наведени.

Украинските медиуми наведуваат дека Гудков е „ликвидиран“, а според некои Телеграм канали, Гудков загинал заедно со уште 10 офицери во напад на украинските вооружени сили на команден пункт во областа Коренева, близу границата. Серуската јавна организација на маринци „Тајфун“ наведе дека на 2 јули украинските вооружени сили извршиле ракетен напад на команден пункт на 155. бригада маринци.

Во Коренева, четири ракети погодиле преден команден пункт, при што загинале повеќе од 10 луѓе, вклучувајќи го Гудков и неколку високи офицери.

Генерал-мајор Михаил Гудков беше командант на 155. одделна гардиска бригада маринци на Пацифичката флота. Во март 2025 година, тој беше назначен за заменик командант на руската морнарица. Рускиот претседател Владимир Путин го унапреди Гудков за време на состанок со подморничари од нуклеарната подморница Архангелск. На Гудков му биле доделени титулите Херој на Русија и Херој на Приморје.

Зачлени се на нашиот е-билтен