Конституиран новиот Совет на АВМУ, Сашо Стефановски избран за претседател

Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, именувани од страна на Собранието на Република Северна Македонија на 24 јуни 2025 година, денеска одржале конститутивна седница.

Како што информираат од АВМУ, на седницата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Деловникот за работа на Агенцијата биле избрани претседател и заменик претседател. За претседател е избран Сашо Стефановски, додека за заменик-претседателка Зириета Хајро Јајага.

Во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги освен Сашо Стефановски и Зириета Хајро Јајага, членуваат и Афрона Верзиволи, Виктор Павловски, Гордана Мајнова, Петар Џуровски и Цветанка Миновска

Зачлени се на нашиот е-билтен