Пекол на отворено: Четири активни пожари ширум земјата, ЦУК предупредува на зголемен ризик

До 13 часот денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше вкупно осум пожари на отворен простор, од кои половината сè уште се активни.

  • Прилепско село Бешиште – приземен оган во квалитетна мешана шума.
  • Село Црешнево (Церо Поле), Македонски Брод – гори деградирана дабова шума и густо грмушки.
  • Општина Чашка, под Солунска Глава – чадлив жаришен појас меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка; моментно без видливи пламени, но со жар на карпест терен.
  • Општина Велес – пожар во ниска вегетација.

Екипите на Противпожарната служба и локалните волонтери се на терен и работат на локализација и спречување на ширење, особено во планинските региони каде пристапот е тежок.

Во меѓувреме се изгаснати четири пожари:

  • Село Врањовци, Врапчиште – зафатена ниска вегетација и ѓубриште.
  • Село Лојане, Липково – гореа ниска вегетација и стрништа.
  • Село Радање, Карбинци – опожарени жито и периферна ниска вегетација.
  • Село Орланци, Арачиново – изгаснат оган во ниска вегетација и отпаден материјал.

ЦУК апелира граѓаните да се воздржат од палење стрништа и отпад, а при забележан оган веднаш да пријават на бројот 193 или во најблиската противпожарна единица. Високите температури и сувиот терен го зголемуваат ризикот од нови пожари, па секоја брза реакција е клучна за заштита на шумите и населението.

Зачлени се на нашиот е-билтен