„Ричард трети“ на Битолски театар е најдобра претстава на МФКТ „Ристо Шишков“

„Ричард трети“ на Битолски театар е најдобра претстава на МФКТ

„Ричард трети“ на Битолски театар е најдобра претстава на МФКТ „Ристо Шишков“, одлучи жири-комисијата откако одгледа 12 претстави. „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Мартин Мирчевски, е во изведба на Народниот театар од Битола.

Главните прашања во оваа претстава се: Зошто имаме потреба да се самоуништуваме ние како вид? Зошто ние како луѓе имаме толку самоуништувачки нагон, сопствениот вид да го сотреме, дали постои некаде во природата некое друго суштество што толку има потреба себеси да се самоуништи? Ние всушност не живееме, ние преживуваме.Треба да се запрашаме колку се гледа некоја хуманистичка перспектива меѓу луѓето, дали гледаме само за себеси, дали нешто не интересира од нашиот тесен круг, дали само ние ако сме среќни, а другите околу нас не се, дали сме ние потполно среќни.Јас мислам дека не сме.Затоа што на тој начин не ја делиме нашата среќа со другите. Претставата се занимава со лицемерието, полтронството и пренесува порака дека мора да направиме некаков чекор, да се бориме за својата слобода, потполна слобода како луѓе да одлучуваме. Треба да размислиме дали таа темна и светла страна во нас е вродена или се учи во текот на животот.

Во претставата играат: Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Кристијан Танчевски. Преводот го направи Драги Михајловски, адаптација и режија Мартин Мирчевски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

Престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ и’ е доделена на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен