Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Лицето на џезот“ според Вилијам П. Готлиб: Фотографии од златната ера на џезот

Вилијам П. Готлиб е роден во Бруклин, Њујорк во 1917-та година и почина во 2006-та година во Грејт Нек, Њујорк. Тој беше фотограф и новинар познат заради своите портрети и написи за џез сцената од тој период.

Од крајот на 1930-тите, ја пишуваше џез рубриката во Вашингтон пост. Меѓу 1943 и 1945-та година служел во Воздушните сили на армијата како фотографски офицер. По војната се преселил во Њујорк каде работел за списанието Даун Бит како новинар и фотограф. Во 1948-та година се откажал од фотографирањето.

Основал компанија за филм, но напишал и неколку детски книги.

Во 1994 година, неколку од неговите фотографии биле употребени како основа за дизајн на поштенски марки на САД.

Колекцијата „Лицето на џезот“ се фотографии од џез музичари во периодот од 1938 до 1948 година, кога џезот беше во својата златна ера, а модерниот џез почнуваше да се развива.

Готлиб ги фотографирал и интервјуирал џез пионерите главно во Вашингтон и Њујорк. Бил вешт занаетчија, кој како самоук фотограф умешно ги доловувал личностите на џез музичарите на чувствителен начин со талент за раскажување приказни во тој медиум.

Фотографиите на Готлиб се можеби најпопуларните фотографии од џез музичари, како Луис Армстронг, Дјук Елингтон, Чарли Паркер, Били Холидеј, Дизи Гилеспи, Ерл Хајнс, Телониус Монк, Стан Кентон, Реј МекКинли, Бени Гудман, Колмен Хокинс, Ела Фицџералд, Нат Кинг Кол и Бени Картер. Оваа колекција била откупена со финансиска поддршка од Фондот на Ира и Леонор С. Гершвин во 1995 година.

Преземено од Окно.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен