Бучковски: Резолуцијата на Филипче води кон коалиција за надминување на самоблокадата

голема коалиција

Резолуцијата на СДСМ е чекор за надминување на самоблокадата во процесот за членство во ЕУ којашто ни нанесува сериозни штети кои ќе ги почувствуваме многу брзо ако не го следниот бран на проширување, вели во интервју за Рацин.мк поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски.

Тој смета дека ова прашање, влезот на Македонија во Европската Унија, треба да го врати на маса и предлогот кој егзистираше последните неколку години за голема коалиција која би имала единствено задача да го заврши успешно овој процес на преговори со Европската Унија и Македонија да стане членка на унијата.

„За поздравување е овој чекор што го прави сега опозицијата. За мене   намерата на Венко Филипче е понуда за излезно решение и на ВМРО ДПМНЕ да се соочи со реалноста. Јас се плашам дека Република Северна Македонија, за жал, од лидер во регионот со која се гордееше меѓународната седница во 2005, кога ги собиравме сите пофалби и ние бевме реално лидер во целиот овој регион, да се доведеме во позиција да бидеме на дното без никакви шанси во евроинтегративниот процес“, вели Бучковски.

Тој ја смета резолуцијата за храбар чекор и верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде сериозен придонес во обликувањето на таа резолуција и покрај првичните изјави на премиерот Мицкоски.

Целото интервју со Владо Бучковски ќе биде објавено утре.

Зачлени се на нашиот е-билтен