Студенти од Србија во тесен избор за наградата „Сахаров“ на Европскиот парламент

Студенти од Србија се најдоа во тесен избор за престижната награда „Сахаров“ за слобода на мислењето, која ја доделува Европскиот парламент. Тие се во конкуренција со притворените новинари Андржеј Поцабут од Белорусија и Мзија Амјлобели од Грузија, како и со новинари и хуманитарни работници од Палестина и конфликтни зони, соопшти денеска Европскиот парламент.

Следниот чекор е Конференцијата на претседатели – составена од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, и лидерите на политичките групации – да го избере лауреатот од ужиот список. Одлуката ќе биде објавена во Стразбур за време на пленарната седница на 23 октомври.

Наградата „Сахаров“ носи и парична награда од 50.000 евра и ќе биде свечено доделена на 16 декември во Стразбур.

Зачлени се на нашиот е-билтен