Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека неговата земја е подготвена да ѝ понуди на Америка илјадници дронови во замена за дозвола за користење на далекуметните ракети „Томахавк“. Тој порача дека Украина и САД можат „меѓусебно да се зајакнат“, додека американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека „разговорите со Зеленски се важен чекор кон мир“.
Средбата во Белата куќа траеше околу два и пол часа, а доаѓа по телефонскиот разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин и најавата за нивен можен состанок во Будимпешта. Трамп изјави дека „Путин можеби сака да ја заврши војната“, но додаде дека „сè уште е рано за заклучоци“.
Зеленски, пак, порача дека е подготвен за разговори „во кој било формат“, но дека „Путин мора да биде принуден да стави крај на војната“.