Според официјалните податоци на ДИК, во првиот круг на локалните избори 2025 во Македонија гласале вкупно 884.851 избирачи. На излезност од 48,29%, бројот на неважечки ливчиња е фрапантен 53.713 или речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови.
Во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња.
Во споредба со претходните изборни циклуси, бројот на неважечки ливчиња бележи пораст.
На локалните избори во 2017 година имало вкупно 11.472 неважечки за градоначалници и 13.367 за совет, а на локалните избори во 2021 имало вкупно 37.859 неважечки ливчиња.
Дали ваквите резултати од првиот изборен круг го натера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на очајнички потег.
Тој ја искористи приликата и од настанот во Виница упати повик, во кој како што рече ‘сите оние коишто во првиот круг останале дома и не гласале, затоа што мислеле дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, да излезат масовно на гласање’.
„Со седење дома и со покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, рече Мицкоски.
Мицкоски со порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

