Дебар до 17 ч.: излезност 36% за еден процент над првиот круг

До 17:00 часот во Општина Дебар гласале 7.089 избирачи, што претставува 36% од вкупно 19.763 запишани во Единствениот избирачки список. Одзивот е за околу еден процентен поен повисок од првиот круг во истиот термин. Претседателот на ОИК, Рилинд Хаса, потврди дека изборниот процес тече редовно и без проблеми, со непречено отворање и континуирана работа на избирачките места. Гласањето продолжува до 19:00 часот, по што ќе следуваат првични неофицијални резултати.

Зачлени се на нашиот е-билтен