Гласањето заврши – резултатите во живо на Racin.mk

Во 19:00 часот заврши гласањето во вториот круг од локалните избори. Денеска се гласаше за градоначалници во 32 општини и во Град Скопје, на 1.771 избирачко место, со право на глас за 1.013.375 избирачи. Паралелно, имаше прегласување за советници на три избирачки места во Шуто Оризари.

Во вториот круг се гласаше во: Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново-Облешево, Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци, како и за градоначалник на Град Скопје.

Следете во живо на Racin.mk: нашата редакција објавува жив блог со минута во минута ажурирања: излезност по општини, првични неофицијални резултати по затворањето, мапи со победници, реакции од штабове и споредби со првиот круг. Отворете ја страницата и освежувајте за нови податоци — графиконите и табелите се ажурираат континуирано.

Зачлени се на нашиот е-билтен