Муслиу: Ако се обезбеди гласање во дијаспората нема да има чартер летови на изборните денови

Муслиу

Ако се обезбеди гласање во дијаспората нема да има чартер летови на изборните денови, оцени политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во дебата на МТВ, во образложение на  големиот број македонски граѓани кој овој викенд допатуваат од повеќе европски градови за да го остварат своето право на глас.

„Во нашата земја има две категории граѓани, резидентнти и нерезидентни. Сепак, и нерезидентните граѓани, кои живеат во странство, а што имаат право на глас, плаќаат данок тука, ги има со избирчакиот список, а со тоа и право на глас, тие можат да го остваарат тоа свое право“, обкаснува Алберт Муслиу.

Тој вели дека тоа што се случува во Кичево, Гостивар и Тетово е сигнал дека државата треба сериозно да му пристапи на прашањето на изборните права на македонските граѓани во дијаспората.

„Треба да се олесни, да се најде модел кој ќе го овозможи тоа“, рече Алберт Муслиу во дебата на МТВ .

Зачлени се на нашиот е-билтен