Нема цензус во вториот круг: победува кандидатот со најмногу гласови

Во вториот круг од локалните избори не постои задолжителен цензус: градоначалник е кандидатот што ќе освои најмногу гласови, без разлика на излезноста. Ова правило важи за сите општини и за Град Скопје во денешните рунди.

Доколку, по кој било основ (на пример, поништување на гласање) не се избере градоначалник и по вториот круг, ДИК во рок од 15 дена ја известува Владата, која потоа во нов рок од 15 дена назначува повереник што ги презема надлежностите до распишување нови избори од страна на претседателот на Собранието.

Зачлени се на нашиот е-билтен