Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во Кичево повика на заедничка прослава на плоштадот

Кичево

Александар Јовановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите кичевчани на заедничка прослава на плоштадот.

„Веќе нема место за било какви калкулации. Речиси сите избирачки места се преброени и можам да прогласам победа“, рече Јовановски во изјава за медиумите.

Вечерва во Кичево е раздвижено, по затворањето на гласачките места на кои се гласаше за градоначалник, а на кои противкандидати беа досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ, и Александар Јовановски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Зачлени се на нашиот е-билтен