Министерството за дигитална трансформација соопшти дека од денес е овозможено онлајн аплицирање за студентските вредносни ваучери за набавка на електронски уреди. Повикот се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, а право на аплицирање имаат сите студенти до 20 декември 2025 година. Ваучерите може да се реализираат, односно уредите да се подигнат, најдоцна до 31 декември 2025 година.
Како да се аплицира – студенти што се евидентирани во МОН
- Студентот се најавува на uslugi.gov.mk и ја поднесува апликацијата за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“.
- Во овој процес не е потребно прикачување на документи.
- По успешно поднесување, системот автоматски генерира Вредносен ваучер.
- Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана изјава за искористување (во продажниот салон), студентот го подигнува електронскиот уред кај избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година.
Како да се аплицира – студенти што не се евидентирани во МОН
Доколку при пријавувањето системот утврди дека студентот не фигурира во евиденцијата на МОН, автоматски се доставува известување и линк до посебната услуга:
„Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти кои не се во евиденција на МОН“.
Во овој случај:
- Потребно е прикачување потврда за редовен или вонреден студент, издадена од факултетот.
- По поднесување на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер.
- Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана изјава, уредот може да се подигне до 31.12.2025 година.
Економски оператори
Листата на оператори кај кои може да се реализираат ваучерите е достапна во документот објавен од Министерството.
Министерството за дигитална трансформација ги повикува студентите навремено да се пријават и да ја искористат оваа можност преку Националниот портал за е-услуги.

