Ни треба лидерска за влез во ЕУ, а не за избори без контрола

лидерска

Кога комесарката Марта Кос изјави дека „Македонија е тажна приказна на проширувањето“, таа консттација не дојде само заради „францускиот предлог“ и од билтерализацијата на процесот што го наметна бугарија, туку и во фактот дека оваа влада во необјаснивиот отпор да најде компромис за ситуацијата, всушност, самата го блокираше евроинтегративниот процес на земјата.

Во минатото, блокадите главно доаѓаа однадвор — од држави членки, билатерални спорови и геополитички игри. Но денес, ние самите одбираме да стоиме во место. Политичките лидери на последните избори не неа избрани да блокираат важни стратешки процеси, како што е членството во ЕУ, на пример, туку да донесуваат одлуки, дури и кога се тешки, непопуларни, или бараат објаснување и храброст.

Наместо да се улгедаме на Европската Унија како место каде разликите се прифаќаат и вреднуваат, актуелната власт реши да не ги прифати другите мислења.

Оттаму и пристапот на опозицијата оди во таа насола кога претседателот на СДСМ, Венко Филипче го иницираше неговиот повик за лидерска средба за откочување на евроинтеграците.

Во тој контекст, претседателот на СДСМ ја истакна и важноста од навремен лидерски ангажман, во светло на актуелните пораки од Брисел.

„Сметам дека се многу јасни пораките на претседателот на Европскиот совет и на еврокомесарката Каја Калас – дека сега е моментот ние да фатиме чекор со Црна Гора и Албанија, коишто со крупни чекори чекорат напред, и очекувањата се дека за период од две до три, максимум четири години, може да се веќе на прагот на ЕУ“, истакна тогаш Филипче.

Тој потенцираше дека останува посветен на конструктивен пристап и дека и во иднина ќе продолжи да повикува на обединување и заеднички пристап во одлучувањето за важните прашања од државен интерес како што е процесот за членство во ЕУ и за идејата за сите овие теми да се разговара на лидерска средба.

„Јас ќе продолжам да апелирам, да бидам конструктивен, да изнаоѓам предлози за коишто би разговарале. Меѓутоа, ова е работа за којашто сепак лидерите на најголемите партии треба да седнат заедно и тоа во овој временски период, затоа што очигледно постои расположение сега во ЕУ да се поддржи овој процес, а тоа го гледаме по примерот на Албанија и Црна Гора“, заклучува Филипче.

Но, и покрај сите реални придобивки и меѓународна поддршка, денес сме сведоци на парадокс: наместо да се движиме напред, стоиме во место, стагнираме.

Оваа ситуација сугерира дека вистинскиот проблем не е во институционалната форма. Проблемот лежи во недостатокот на политичка одлучност и недостигот на лидерство што ќе го движи процесот напред.

Ако сакаме да ја промениме оваа приказна, мораме прво да ја смениме сопствената перцепција за тоа што значи лидерство, што значи припадност и, се разбира, што значи иднина.

Затоа на Македониија ѝ требаат реални приоритети кои произлегуваат од националните интереси на сите граѓани во земјата, а не од партиските. Ни треба лидерска за влез во ЕУ, а не за избори без контрола по што оваа стратешка цел, членството во ЕУ, ќе биде уште подалечна.

Зачлени се на нашиот е-билтен