Филипче за повикот на Кочовска: Доаѓаме, но да дојдат и медиумите, нека им објасни на граѓаните

Филипче

„Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“.

Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери.

Ова го напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипчем, на повикот на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, до економскиот тим на СДСМ.

Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните.

Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата.

Ние сме подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не ново алиби за катастрофалното водење на финансиите.„

Најчитано