Таравари го тужи Изет Меџити за клевета

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, информираа од неговата партија.

Тужбата доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на Lajm TV, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис. Според соопштението, пред поднесувањето на тужбата бил даден и законски рок за јавно извинување, кој Меџити не го искористил.

Таравари категорично ги демантираше овие обвинувања, оценувајќи ги како невистинити и клеветнички.

Тој претходно најави дека ќе преземе правни чекори доколку не биде упатено јавно извинување за дадените изјав, а со поднесувањето на тужбата во Основниот суд Скопје 2, случајот сега се очекува да добие институционален тек.

Зачлени се на нашиот е-билтен