Национални шуми се откажуваат од исплата на К‑15 во огревно дрво

Јавното претпријатие Национални шуми соопшти дека се откажува од исплатата на додатокот К‑15 во огревно дрво за 2023, 2024 и 2025 година која што не беше исплатена, што претходно беше најавено како поддршка за граѓаните со ниски примања. Сега од претпријатието велат дека оваа поништувањето на оваа одлука е резултат на реалните финансиски можности и динамиката на обезбедувањето на залихите на дрво, иако мерката претходно беше најавена за олеснување на сезонските трошоци за домаќинствата.

Според објаснувањата од Национални шуми, откажувањето од К‑15 се однесува на дел од корисниците што ја очекуваа исплатата при купување на огревно дрво за претстојната грејна сезона, со што тие ќе мора да ги планираат своите трошоци без оваа финансиска поддршка.

Од претпријатието наведуваат дека ќе продолжат со обезбедување на дрво за домаќинствата и јавните институции, но дека исплатата на К‑15, која е финансиски тежок ангажман, не може да биде реализирана оваа година.

Оваа одлука доаѓа во контекст на зголемените трошоци за обезбедување огревно дрво и промени во буџетските одлуки на претпријатието, што ги принудува оваа државна компанија да ги прераспоредат средствата за други активности поврзани со управување и одржување на шумските ресурси.

Одлуката за исплата на К-15 во огревно дрво беше критикувана од Сојузот на синдикатите на Македонија. Тогаш претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ја опиша оваа одлука како „Од рубриката верувале или не“.

Тој го повика државниот инспекторат за труд веднаш да постапи по пријавата и да утврди дали и од кој е потпишана ваква Спогодба која не само што е спротивна на Општиот колективен договор, спротивна е и на Кривичниот законик, а плаќањето во натура е спротивно на сите норми и принципи, објави Трендафилов. 

Зачлени се на нашиот е-билтен