Во ист ден двајца жители на Кавадарци измамени за вкупно 10.000 евра


МВР информира дека вчера во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена.

Истиот ден претходно, во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, 56-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра. Според пријавеното, тој преку интернет контактирал со лицата, кои се претставиле дека се од  странска компанија и го навеле да ги уплата парите на компанијата и на тој ќе инвестира во берза. Како што е пријавено, тој во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна лицата побарале да изврши дополнителна уплата од 10 000 евра за да може да изврши поврат на парите што ги вложил, со што сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен