Повреден италијански државјанин беше евакуиран со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од тешко пристапен терен на подрачјето на СВР Тетово, по пријава што претходно стигнала до Центарот за управување со кризи.
По добиената информација, беше ангажиран полициски хеликоптер кој изврши спасувачка интервенција и го извлече повредениот од непристапната локација. Лицето потоа беше транспортирано во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана медицинска помош.
Надлежните институции засега не соопштуваат детали за тоа како дошло до повредата и под кои околности се случил настанот.