На 11 март, во Стопанската комора, премиерот Христијан Мицкоски рече:
„Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво“.
Вчера, на 13 март во Кочани изјави:
„Сега верувајте дека имаме жесток притисок од граѓаните од соседните држави во пограничните места на југ, на запад и на север, каде што доаѓаат да полнат гориво, бидејќи за 30, 40, 50 центи по литар е поевтино кај нас отколку кај нив“.
Што очекуваше Христијан Мицкоски? Дека ќе рачат „нека фала, ќе си точиме ние поскап бензин“.
Нормално дека ќе доаѓаат во Македонија да полнат поевтино гориво. Но, поентата не е во тоа. Реакцијата на граѓаните од соседните земји е логична економска, домаќинска постапка.
Она што нема никаква логика е да се одлагаат мерките кога е јасно дека војната во Персискиот залив и на Блискиот исток ќе потрае, а притисокот од таму, освена безбедносно-хуманитарен, е главно економско-енрегетски. Затоа нема никаква логика политиките за цените на бензините да се спроведуваат како да нема војна и да се остави само на одлуките на Републичката комисија за енергетика вообичаени за мирнодопски времиња. А тие веќе не се такви, иако формално нема вонредна состојба.