Шкрипи „платформата“ на „отпадниците“ кои не сакаат консолидиран СДСМ

„Платформата“

Така наречената „Платформа” или “македонски ДОС” имаше неславен старт во јавност. Не успеа да се прослави со првото свое мистериозно појавување во брифинг за една национална телевизија, во кој не се потпишаа кои се и во кое тврдеа дека не се занимаваат со СДСМ, а две третини од содржината на тој брифинг се однесуваше токму на СДСМ. Не кажаа ниту збор за катастрофалните потези и неуспеси на власта. Затоа, прашуваме – Кому служи “Платформа” и зошто не ѝ оди добро?

Зоран БОЈАРОВСКИ

Рацин.мк дојде до релевантни и проверени информации кои најавуваат дека овие денови, по празникот, се подготвува нов обид за инсценација на уште еден внатрешен конфликт на СДСМ преку таканаречената “Платформа” или “македонски ДОС”, за која пред некое време пренесоа дел од медиумите.

Веднаш се поставува прашањето зошто сега, во овие моменти, кога СДСМ крева глава, а на власта не ѝ оди најдобро?

Всушност, во прашање што си го поставивме е и одговорот.

Да бидеме поконкретни. Брзањето е поради три глави причини:

01. Напуштањето на пратеникот Миле Цеков на ЗНАМ и на владејачката коалиција

Тоа е силен сигнал дека превирањата во ЗНАМ се само почеток и дека ситнењето на владината коалиција покажува криза и во внатрешните односи. Но, клучно е дека проектот ЗНАМ веќе не ја задоволува потребата за којашто беше формиран, да ја слабее СДСМ и сега станува субјект кој ја слабее власта. Затоа некому му е потребна нова иницијатива, Платформа или македонски ДОС, сеедно. 

2. Најавениот програмски Конгрес на СДСМ и меѓународната активност на така наречената „Скопска иницијатива“ со партии од регионот на почеток на јуни

3. Расцеп и поделба во самата “Платформа”

4. Раситнување на опозицијата – инспирирано од моделот на властите во Србија, кој Мицкоски сака да го пресликува во обид да ја раситни опозицијата. Оттука доаѓа и идејата за намалување на изборниот праг за партиите, која беше промовирана пред два месеца.

По малку за секоја од наведените причини:

1. Проектот ЗНАМ заврши, некому е потребна е нова форма на политичка алатка

Формирањето на ЗНАМ не беше случајна, туку планирана и прецизна операција со намера да се руши СДСМ. ЗНАМ не успеа, сега се прави обид со т.н. Платформа. Како што одредени политички и бизнис интереси стоеа зад ЗНАМ така и сега, нашите информации велат дека големи пари, бизнис и политички интереси стојат и зад “Платформата”. 

Се поврзауваат со поранешни функцонери на СДСМ, блиски до Бранко Црвенковски. Исто како што Црвенковски се поврзуваше со ЗНАМ. Имињата кои и до сега се спомнуваа во дел од медиумите и подкастите се Игор Ивановски Шема – како иницијатор и главен организатор, Андреј Петров и Емилијан Станковиќ. Иако од Петре Шилегов јавно се оградија Шилегов продолжува упорно да се обидува повторно да фати приклучок со Платформата и да биде дел од неа. Според информациите кои ни се доставени, опциите за финансирање се преку договор за осигурувања кои би оделе преку една странска банка (тазе влезена во Македонија) и еден познат скопски бизнисмен-олигарх.

2. СДСМ се врати на регионалната сцена преку Скопската иницијатива

Да потсетиме, високи гости од хрватската СДП беа во посета на СДСМ и имаше заедничка прес конференција на која претседателот на СДП Хрватска Синиша Хајдаш Дончиќ најави продлаблочување на соработката на СДСМ и СДП.

Пред два месеци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги најави долгорочните планови на партијата и планираните активности поврзани со претстојниот Конгрес и меѓународната соработка со сестринските партии на СДСМ.

„Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии е најавена како регионална активност со потпишување заедничка платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот.

„Платформа“ на „отпадниците“ од СДСМ, ова сака да го загади односно да се обиде да го сруши поради интересите на одредени структири на кои не им одговара консолидиран СДСМ и етаблирање на Филипче како фактор и во регионот.

Ако внимателно се анализираат случувањата на македонската политичка сцена, има една интересна константа која се повеќе станува видлива.

По локалните избори се заостри политичката борба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и главната опозициска партија СДСМ. Таа е видлива на секојдневно ниво и по интензитет и по реториката, но и по случувањата. Како што СДСМ „дигна глава“, така гледаме силна негативна кампања, со јавен линч кон првите луѓе во СДСМ особено врз претседателот на партијата Филипче.

Оваа анализа покажува и уште една политичка константа.

Секогаш кога ќе се случи криза во власта, кога ќе има одреден скандал, кога нема одговор на суштинските секојдневните проблемите на граѓаните, се применува како по книга тактиката за дефокус.

Ако се анализираат временски случувањата во СДСМ по еден „тајмлајн“ лесно се доаѓа до заклучокот.

Прво со Деспотовски, па со Шилегов, па потоа најава за некаква матна Платформа.

3. Поделби во самата Платформа

Нашите информации говорат дека двајца поранешни градоначалници на СДСМ коишто биле контактирани да се приклучат на “Платформата” ја прочитале вистинската намера дека станува збор за обид за создавање на втор ЗНАМ за рушење на СДСМ од внатре и ја откажале поддршката.

Овие поранешни градоначалници веќе имале средба со Филипче и ќе се приклучат во понатамошните активности на партијата.

4. Примерите во Србија за раситнување на опозицијата и контролирана опозиција

Бидејќи овие процеси за раситнување на опозицијата се прилично добро познати, тука само се поставува прашањето дали „Платформа“ е свесна дека ја презема улогата да биде инструмент во една таква операција и да остане запаметена по тоа. Всушност, како уште една ЗНАМ. Што не е нешто оригинално.

„Платформата” имаше неславен старт во јавност. Не успеа се прослави со првото свое мистериозно појавување во брифинг за една национална телевизија, во кој не се потпишаа кои се и во кое тврдеа дека не се занимаваат со СДСМ, а две третини од содржината на тој брифинг се однесуваше токму на СДСМ. Не кажаа ниту збор за катастрофалните потези и неуспеси на власта. Затоа, прашуваме – Кому служи “Платформа” и зошто не ѝ оди добро?

Зачлени се на нашиот е-билтен