Се потврди дека намерата на власта не беше ниту за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, туку само за изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората, посочи на прес конференција пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.
Таа во продолжение рече:
Вистината е дека се е лага кај Мицкоски и ВМРО. Ниту сакаат, ниту имаат политички капацитет за консензус, ниту искрена намера за политички дијалог.
Нема што СДСМ да се договара со опозицијата. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови.
Нели ВМРО тврдеше дека веќе има договор со Левица и ДУИ? Нели беа заедно и на лидерска средба?
Повторно се покажа дека единствено што знаат е да ја лажат и манипулираат јавноста.
Не му е важна на Мицкоски реформската агенда – тоа му е само изговор и алиби дека ништо немаат исполнето од потребните реформи во евроинтеграцискиот процес.
Сега се во паника, ја губат поддршката од граѓаните, и затоа измислуваат секакви изговори и секакви модели само да ја исполнат целта – да отворат простор за изборен инженеринг.
Прво беше електронско гласање, откако не им помина, гласање по пошта – и двата модели по нивна мерка за совршена кражба на гласови.
Овие одредби треба да почнат да се применуваат дури од изборите во 2029 година. Значи има доволно време да се изгради сериозен, сигурен и кредибилен модел, низ широка јавна дебата, политички консензус.
