Србија повлече речиси 25.000 електронски цигари, еве зошто

пушење
This image is released under Creative Commons: www.ecigclick.co.uk.

Србија повлече 24.852 електронски цигари со различни вкусови од продажба, откако вонредна инспекциска контрола утврдила дека производите не биле усогласени со одредбите на Законот за тутун. Нивната проценета вредност изнесува околу 24 милиони динари.

Контролата ја спровела Земјоделската инспекција при српското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамките на надзорот над продажбата на електронски цигари и сродни производи.

По утврдените неправилности, инспекторите наредиле спорните производи да бидат повлечени од пазарот. Забранета е и нивната понатамошна продажба сè додека не бидат отстранети недостатоците поради кои било утврдено дека не ги исполнуваат законските услови.

Министерството не објави детална листа со брендовите и вкусовите што се опфатени со мерката, ниту прецизираше за какви конкретни неправилности станува збор.

Оттаму соопштија дека целта на вонредниот надзор е доследно спроведување на законските прописи, заштита на потрошувачите и обезбедување еднакви услови за сите компании што пласираат тутунски и сродни производи на српскиот пазар.

Надлежните најавија дека засилените контроли ќе продолжат и во следниот период. Законски мерки ќе се преземаат во сите случаи во кои инспекторите ќе утврдат неправилности во прометот на тутунски и сродни производи.

Повлекувањето не значи дека е објавена општа забрана за сите електронски цигари во Србија. Мерката се однесува на конкретните контролирани производи за кои било утврдено дека не се во согласност со Законот за тутун.

Најчитано