Пијан пензионер правел хаос во Велес

Велес

Полицијата привела 69-годишен велешанец откако го нарушувал јавниот ред и мир и одбивал да ги почитува наредбите на полициските службеници.

Инцидентот се случил на 12 јули, околу 21:30 часот, на улицата „Стеван Гајдов“ во Велес, каде што полициски службеници од СВР Велес го привеле лицето со иницијали Ј.Т.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, велешанецот не постапувал по наредбите на полицајците додека тие преземале службени дејствија поради нарушувањето на јавниот ред и мир.

При алкотестирањето било утврдено дека 69-годишникот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најчитано