Филипче: Гаши дозволи Собранието да се претвори во гласачка машинерија, ќе му поднесеме интерпелација

Филипче

Стана редовна пракса да се блокираат или да се прават манипулации со деловникот са за да се избегнат одговорите на пратеничките прашања на СДСМ, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на брифингот со новинарите во седиштето на партијата.

„Последната блокада ја видовме вчера кога стана јасно дека е договорено сценарио непочитувањето на деловникот од страна на потпретседателката на Собранието Весна Бендевска кога со паузи и одлагања на продолжението на седницата му овозможи на Мицкоски да ги избегне одговорите на прашањата на пратенците“, појасни Филипче.

Собранието се претвори само во гласачка машинерија, рече Филипче, не се закажуваат седници на комисиите, се поднесуваат закони по скратена постапка, не се почитува дневниот ред.

„Ништод од СДСМ не се става на дневен ред. Ниту да се расправа за тоа, не мора да се прифаќа. Затоа ќе поднесеме интерпелација за претседателот на Собранието. Интерпелација ќе има и за министерот Иван Стоилковиќ за неговото однесување кон пратениците во Собранието“, најави претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите.

Најчитано