Голем шумски пожар го зафати Закинтос

Пожар денеска избувнал во областа Маратијас на грчкиот остров Закинтос.

На терен се распоредени 22 пожарникари, со поддршка на авиони, хеликоптери и локални волонтери, соопшти Грчката противпожарна служба, пренесуваат тамошните медиуми.

Во гаснењето учествува и пешадиска група од 17-та единица за специјални операции за шумски пожари, како и волонтери, пренесува ProtoThema.

До граѓаните кои се наоѓаат во загрозеното подрачје се упатува итен апел да бидат во состојба на готовност и строго да ги следат упатствата на надлежните служби.

Грција и ова лето е зафатена е бројни шумски пожари, особено во јужните делови, а во Атика и шест други грчки региони, властите прогласија црвен аларм поради ризикот од пожар, како и високо ниво на подготвеност кај сите надлежни јавни служби.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?