Утрово осум активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека утрово, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор.

Од регистрираните пожари, осум се активни, два се под контрола, додека 17 пожари биле изгаснати.

Во моментов, активни пожари има во општините Сарај, Ресен, Петровец, Прилеп, Чашка, Јегуновце и Боговиње, каде најчесто гори нискостеблеста шума.

Пожари под контрола се пожарите во општина Гостивар и општина Македонски Брод, додека 17 пожари се изгаснати низ општините Битола, Струга, Куманово, Бутел, Гази Баба, Дебар, Штип…

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?