СДСМ: Не се менаџира кризата, бројот на заболени и починати од западнонилска треска расте

СДСМ

Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија.

Ова се посочува во реакцијата на СДСМ и се истакнува дека повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата.

„Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски“, се истакнува во соопштението на опозициската партија.

СДСМ тврди дека не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести, градоначалниците на ВМРО-ОКГ и здравствените институции.

„Државата не менаџира со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици. Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје“, оценува СДСМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?