Не знаеме дали што ќе одговори Викторија, но денеска на крајбрежјето на Охридското Езеро, во близина на Далјан, се случи едно романтично запросување.
„Marry me, Viktorija“, („Омажи се за мене Викторија“) гласеше пораката испишана на банерот на малиот авион кој прелета на бисерот на Македонија, Охридското Езеро во еден навистина креативен начин за запросување.
Да, навистина не знаеме што одговорила Викторија на оваа аеро понуда за вечна љубов, но едно е сигурно – некој дефинитивно се потрудил запросувањето да биде за паметење.
Снимено од Далјан, Охрид.

