Архив на јавни собири: 16.000 луѓе присуствуваа на погребот на Ратко Младиќ

Младиќ

Архивот на јавни собири денес објави дека на погребот на Ратко Младиќ, поранешен командант на војската на Република Српска, кој беше осуден за геноцид и воени злосторства во Босна и Херцеговина, присуствувале 16.000 луѓе.

„Процесот се спроведувал со броење на луѓето на видео снимено помеѓу 11 и 14 часа на средина од поворката“, соопштија од Архивата на социјалната мрежа X.

Младиќ беше погребан вчера на гробиштата Топчидер во Белград со воени почести, а на погребот присуствуваа неколку министри од Владата на Србија.

Тојпочина на 27 август во Хаг каде што отслужуваше доживотна казна затвор за геноцид и други воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?