МНТ домаќин на Меѓународна театарска конференција на Европската театарска конвенција во 2028 година

Од 5 до 8 ноември 2026 година, во Софија, Бугарија, се одржува Меѓународна театарска конференција на Европската театарска конвенција (ETC), која обединува повеќе од 100 театарски професионалци од над 30 европски земји.

На конференцијата присуствува генералниот директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, кој денеска оствари средба со извршната директорка на ETC, Хајди Вајли. Во фокусот на разговорот беа подготовките за есенската конференција на ETC во 2028 година, чиј домаќин ќе биде Македонскиот народен театар во Скопје.

„Со нетрпение очекуваме да ја пречекаме европската театарска заедница во Скопје, токму во оваа посебна година, кога нашиот град ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата“, истакна Кимовски.

Домаќин на годинешната конференција е Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија. Во фокусот на конференцијата се современите предизвици и можности за поврзување на европските театри, интеграција на новите технологии и зачувување на човечките односи како темелна вредност на театарското творештво.

За Македонскиот народен театар, организацијата на конференцијата во 2028 година претставува извонредна можност Скопје да биде место на средба, размена и соработка на европската театарска заедница.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?