Сајбернапад врз Европската комисија, се проверува дали протекле лични податоци

Европската комисија се соочува со последици од сајбернапад што повеќе од десет дена ја нарушува работата на дел од нејзините внатрешни системи. Според „Политико“, се проверува дали се компромитирани лични податоци на вработените, а целосниот обем на штетата останува непознат.

Погодени се платформата Sysper, преку која се водат платни листи, одмори и работни часови, и MyPMO, системот за надоместување медицински трошоци. Двете биле повторно активирани неделава, но Sysper во средата повторно имал краток прекин.

Платите главно биле исплатени редовно. Дел од службениците, сепак, не можеле да внесуваат работни часови или да поднесуваат барања за одмор.

Портпаролот Томас Рењие потврдил дека Комисијата презела мерки по откриена сајберкампања и ги известила засегнатите лица. Било свикано и итно заседание на највисокото внатрешно тело за управување со кризи.

Засега нема потврда дека личните податоци навистина биле украдени.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?