Сервер смета дека Србија нема да влезе во ЕУ без да го признае Косово

Бугарија

Европскиот пат на Србија ќе остане затворен без целосно нормализирање на односите со Косово, а тоа, според американскиот професор Даниел Сервер, подразбира признавање на независноста и размена на амбасадори.

Во разговор со публицистот Ветон Сурои во подкастот „ПИКË“, Сервер оцени дека во Белград не треба да има дилеми околу политичките услови за членство во Европската Унија.

„Што, според мене, значи признавање на Косово и размена на амбасадори“, рече тој, објаснувајќи што подразбира под целосна нормализација.

Сурои во разговорот потсети дека пет членки на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово. Сервер, пак, оцени дека најмалку пет други членки не би го поддржале приемот на Србија без нормализирање на односите со Приштина.

Неговата процена оди подалеку од формулацијата што ја користат европските институции. Официјалната рамка на ЕУ бара сеопфатна нормализација преку правно обврзувачки договор, со решавање на отворените прашања меѓу двете страни. Признавањето и размената на амбасадори се толкувањето на Сервер за исходот што би бил неопходен.

Во извештајот за Србија од 4 ноември, Европската комисија повторува дека исполнувањето на договорите од дијалогот останува суштински услов за европскиот напредок и на Белград и на Приштина.

Од Србија се очекува да започне со признавање на косовските документи, симболи и институции, додека Косово треба да го започне процесот за воспоставување договорени механизми за самоуправување на српската заедница. Комисијата оценува дека ниту една страна нема постигнато доволен напредок.

Сервер изрази загриженост и за застојот на Косово во меѓународните интеграции, особено за членството во Советот на Европа и добивањето кандидатски статус за ЕУ. Според него, Приштина се соочува со потешка иднина, делумно и поради американските позиции.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?