Горивата поевтинуваат, ова се новите цени

горивата

Дизелот од полноќ поевтинува за 3,50 денари за литар, а двата бензина за по 2 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), максималните малопродажни цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,28 отсто.

Од 00:01 часот на 24 ноември, литар Еуросупер БС-95 ќе чини најмногу 82 денари, Еуросупер БС-98 84 денари, а Еуродизел 88,50 денари.

По новите максимални цени, за 50 литри дизел возачите ќе платат 175 денари помалку, а за исто количество бензин 100 денари помалку.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?