Бленди Ходаи објави видео во кое чита дел од навредливите коментари и пораки со говор на омраза упатени на негова адреса.
Со доза на хумор и иронија, Ходаи им се заблагодари на оние кои, и покрај негативниот став кон него, редовно ги следат неговите објави.
„Читаме коментари. Фала ви за креативноста, особено на оние што не ме поднесуваат, а редовно ме следат“, напиша Ходаи во описот на видеото.
Видеото е уште еден пример за тоа со какви навреди и пораки се пишуваат на социјалните мрежи.
