Официјално: ФФМ се раздели со Гоце Седлоски по шест порази во Лигата на нации

Седлоски

Гоце Седлоски повеќе не е селектор на македонската А-фудбалска репрезентација, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално потврди дека спогодбено е раскинат договорот со досегашниот предводник на националниот тим.

Одлуката доаѓа по неуспешниот настап на Македонија во групата Б од Лигата на нации, во која репрезентацијата ги загуби сите шест натпревари. Последниот пораз беше на домашен терен од Словенија со 0:3, по што Седлоски најави дека ќе размисли за својата иднина на селекторската функција.

Македонија го заврши циклусот со само еден постигнат гол и 15 примени во шесте натпревари. По поразот од Словенија, Седлоски ѝ се извини на македонската јавност за резултатите и рече дека е тешко и за него и за фудбалерите, додавајќи дека ќе се анализираат причините за слабите настапи.

Седлоски беше назначен за селектор на А-репрезентацијата во декември 2025 година, со задача да внесе нова енергија во националниот тим. Во соопштението за разделбата, ФФМ му се заблагодари за досегашната работа и придонесот во македонскиот фудбал.

Засега нема потврдена информација кој ќе го наследи на селекторската функција. Македонија ја очекува баражот за опстанок во Б-лигата на Лигата на нации, предвиден за март 2027 година.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?