„Ниту една повеќе“ со „Женски проглас“ забрани партизирање на нивните протести

„Ниту една повеќе“

Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“, денеска објави „ЖЕНСКИ ПРОГЛАС“  забрани партизирање на нивните протести.

Преку социјалните мрежи „Ниту една повеќе“ упати повик за граѓанско учество на протестите против насилството и системската негрижа, истовремено барајќи партиските членови и актуелните и поранешните државни функционери да не ги користат протестите за партиски цели.

Во соопштението, насловено „Женски проглас“, иницијативата наведува дека не сака феминистичкиот отпор да се претвора во „квази-партиски декор“ за политички интереси. Пораката е насочена кон партиските структури, поранешните и сегашните министри и премиери, како и кон претставниците на институциите.

„Ниту една повеќе“ ги повикува граѓаните и граѓанките кои се чувствуваат обесправени, понижени и разочарани од институционалната негрижа да излезат на улица и да побараат правда и слобода.

„Ние сме слободата“, порачува иницијативата, повикувајќи на солидарност, непокорност и отпор кон, како што наведува, празните ветувања и системската негрижа.

Соопштението завршува со антифашистичкиот слоган „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ и пораката „Ниту една повеќе!“.

Иницијативата „Ниту една повеќе“ е формирана од млади независни активистки и активисти за женски права, а оваа објава ја нема на каналите на женските организации кои се активни против фемицидите и кои деновиве активно се вклучија со кампањата „16 дена активизам“ со повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?