Снегот на Стража синоќа направи проблеми

Снег
Снег на Стража

Снегот на Стража синоќа го отежна патувањето меѓу Гостивар и Кичево. На делницата од превојот кон Гостивар, автомобил излета од коловозот и се преврте. На местото интервенираше противпожарна екипа. Според подоцнежните информации, никој во возилото не е повреден.

Автомобилот, според достапните информации, имал летни гуми. На превојот во текот на вечерта паѓаше снег, но причината поради која возилото излетало од патот засега не е официјално потврдена.

За возачите на камиони, ограничувањата почнаа во 18 часот во саботата. Тогаш беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила меѓу Гостивар и Кичево преку Стража. Патот остана отворен за патнички возила, кои се движеа во зимски услови.

Во истиот час беше воведена забрана за тешки товарни возила и на патот од Маврово кон Дебар. Според вечерниот извештај на „Македонијапат“, на двете делници провејуваше слаб снег, а екипите на патната служба работеа на расчистување на коловозите во западниот дел од земјата.

Снег синоќа провејуваше и на патот од Лисец кон Попова Шапка, како и на делницата од Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир. На повисоките места маглата дополнително ја намалуваше видливоста.

Во меѓувреме, во повеќе делови од Македонија синоќа и утринава вее снег. Снег паѓа во Маврово, Дебар и Тетово а во претстојните денови се очекува истиот да се интензивира.

Така што, може да се каже дека снегот во Македонија официјално пристигна.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?