Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Штип против 47-годишен жител на селото Чифлик, општина Чешиново-Облешево, поради сомнение за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 ноември 2026 година, на објава на портал на социјална мрежа, пријавениот објавил коментар со кој, според полицијата, промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, предвидено во член 394-г од Кривичниот законик.
Извор: Министерство за внатрешни работи (МВР)
