Украинците развија свое ласерско оружје: Може ли тоа да го промени војувањето?

ласерско оружје

Украина тврди дека за првпат успеала да собори руски дрон со млазен погон со помош на ласерско оружје. Станува збор за системот „Блиск“ (Blysk), развиен од украинската компанија „Кармин Скај“, кој би можел да помогне во одбраната од сè почестите руски напади со беспилотни летала.

Сергеј Бескрестнов, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одбранбени технологии, објавил снимка на која, според неговото тврдење, се гледа соборувањето на руски дрон „Геран“ со млазен погон. Украинската платформа за развој на одбранбени технологии „Брејв1“ потврдила за АФП дека системот бил употребен во борбени услови, но предупредила дека технологијата сè уште не е подготвена за масовна примена. Тврдењето дека станува збор за прво вакво пресретнување во светот засега не е независно потврдено.

Главната предност на ласерското оружје е што користи електрична енергија наместо ракети за секое пресретнување. Тоа би можело да ги намали трошоците за одбрана од дронови, кои се релативно евтини, но често бараат употреба на многу поскапи противвоздушни ракети.

Сепак, ласерските системи имаат ограничувања. Маглата, дождот, снегот и прашината можат да ја намалат нивната ефикасност, а потребни се и голема количина електрична енергија и ефикасно ладење. Дополнително, еден систем обично дејствува врз една цел во даден момент, што претставува проблем при масовни напади со стотици дронови.

Затоа, ласерското оружје засега се смета за дополнување, а не за замена на конвенционалната противвоздушна одбрана. Ако технологијата се покаже како сигурна во различни временски и борбени услови, би можела да помогне во заштитата на електраните, индустриските капацитети и другата критична инфраструктура во Украина.

Извор: Index.hr

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?